Уште една земја воведува четврта доза вакцина против Ковид-19

од Nikola Popovski
284 прегледи

Чиле ќе почне да ја дава четвртата доза од вакцината против вакцината во февруари, а дополнителната доза прво ќе им биде понудена на ризичните категории пред да се прошири на остатокот од населението, најави претседателот Себастијан Пинера.

„Главната грижа и приоритет е да ги заштитиме животот и здравјето на нашите сонародници“, рече Пинера вчера на настанот по повод првата годишнина од започнувањето на кампањата за вакцинација против Ковид-19 во Чиле.

Први четврта доза ќе добијат здравствените работници, старите лица и лицата со хронични заболувања.

Пинера информира дека земјата веќе ги има потребните дози вакцини.

Министерот за здравство Енрике Париз ја објасни оваа одлука, наведувајќи дека локалните студии покажуваат дека бројот на антитела кои се борат против вирусот е намален шест месеци по последната доза.

Најмалку 16,5 милиони од 19,2 милиони Чилеанци се целосно вакцинирани со две дози, или 86 отсто од населението.

На почетокот на декември вакцинацијата беше проширена и на деца од тригодишна возраст.

Најмалку уште две земји во светот, Израел и Бразил, најавија дека ќе почнат да ја даваат четвртата доза антивирусна вакцина на населението со слаб имунолошки систем. Во Чиле се регистрирани 1,7 милиони случаи на Ковид-19 и 38.954 смртни случаи, од кои 54 во последните 24 часа.

Слични содржини