Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп објави дека го назначил Брендан Кар за шеф на американскиот телекомуникациски регулатор (FCC), кого го опиша како „воин за слободата на изразување“ и кој сака „да ја врати контролата врз технолошките гиганти“.
„Кар е војник за слободата на изразување“, објави Трамп доцна синоќа.
Кар рече дека има потреба да се „разоткрие картелот на цензурата“ наметнат од технолошките гиганти, како што вели, како што се „Facebook“, „Google“, „Apple“ и „Microsoft“.
Тој додаде дека сака „да го врати американското право на слобода на изразување“.
Неговото назначување било поддржано и од милијардерот Илон Маск.
Брендан Кар работи во FCC од 2012 година, а беше назначен за еден од комесари на тоа тело во 2017 година од Трамп за време на неговиот прв претседателски мандат. Претходно работел како адвокат специјализиран за регулаторни прашања.
„Тој ќе стави крај на регулаторниот напад што ги парализира американските создавачи на работни места и иноватори и ќе се погрижи FCC да ги исполни очекувањата на рурална Америка“, навел Трамп.