Уште кога се отворија кажав дека избраните имиња може да бидат провокација, рече Ковачевски за последниот напад на клубот „Цар Борис Трети“

од Nikola Popovski
155 прегледи

Премиерот Димитар Ковачевски денес говореше за последниот напад на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид.

-Јас уште кога се отворија, кажав дека избраните имиња можат да претставуваат провокација и да будат негативни чувства во најголемиот дел на нашето општество, со оглед на тоа дека тие личности се поврзани со најтемните периоди од европската историја. Исто така тогаш повикав да се отвораат клубови кои што ќе ги зближуваат граѓаните, а не клубови кои ќе предизвикуваат негативни емоции кај граѓаните меѓу двете држави, рече Ковачевски на прес-конференција.

Тој повика нашите граѓани да бидат достоинствени и да се однесуваме согласно европските манири бидејќи сме членка на НАТО и идна полноправна членка на ЕУ.

-Во однос на реакциите од Бугарија, тоа се нивни. Ние како МНР имавме свои реакции. Треба да се воспостави комуникација меѓу двете држави преку официјални културни центри, за да можеме да покажеме дека регионов е регион на соработка и добрососедски односи, кажа Ковачевски.

Во текот на вчерашниот ден со оружје било оштетено стаклото од клубот во Охрид. МВР трага по сторителите.

Слични содржини