„Уште колку пати ќе имате крв на рацете?“: Граѓаните испратија бројни пораки од протестот на „Партизанска“

од Nikola Popovski
38 прегледи

Граѓаните излегоа во голем број на местото каде загина 22 годишната студентка Фросина од Неготино прегазена од возач без возачка дозвола. Граѓаните револтирани по трагедијата и судската пракса, бараат правда, институционална одговорност и санкции за несовесните возачи.

На протестот присутни и голем број студенти, меѓу кои и Иван студент по молекуларна биологија кој држеше транспарент со имињата на трите девојки кои изминативе години загинаа во тешки незгоди на булеварот „Партизански одреди“.  Во разговор за „Локално“ изјави дека е дојден за да даде поддршка за жртвите и да се избори за правда, како и за борба против корупцијата во државата. Студентот не исклучува секојдневни протести и доаѓање на истото место на пешачкиот премин пред „Универзалната сала“.

-Фросина Цековска, Викторија Николова, Фросина Кулакова – Патиштата арогантно редат трагедии, изгубени животи, засекогаш настрана, до кога а, стоеше на транспарентот на студентот.

На протестот видовме и други пораки од типот: „И јас сум Фросина, Уште колку пати ќе имате крв на рацете, Корупција вози во евра, Подмитливоста не убива, Обвинители = соучесници убијци…“.

Граѓаните засега остануваат на булеварот. Сообраќајот е во прекин и видливо е големо полициско присуство.

Слични содржини