Уште неизбран судијата Георгиев поднесе оставка од Судскиот совет

од Nikola Popovski
285 прегледи

Врховниот судија Наке Георгиев, кој неодамна беше избран за член на Судскиот совет, утрово си поднел оставка. Од Судскиот совет појаснуваат дека неговата оставка е констатирана.

Драго ми е што беше разбран од колегите категоричниот став дека законски не е возможно судија да биде избран во ситуација кога член од семејството е избран во Судскиот совет, рече судијката Весна Дамева.

Георгиев денеска заедно со неговата колешка Антоанета Димовска требаше да даде свечена изјава пред претседателот на Собранието, Талат Џафери во 9.30 часот, но Собранието ја одложи за во 14 часот.

Судиите Ивица Николовски, Мери Радевска и Весна Дамева, според неофицијалните информации, го убедиле Георгиев дека мора да си даде оставка од функцијата, ако сака неговиот син кој заврши Академија да биде избран за судија.

Според Членот 43, став 4 од Законот за судовите „за судија или судија поротник не може да биде избрано лице кое со член на Судскиот совет на Република Македонија е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар“.

Судијата Георгиев доби шест гласа од општата листа на Врховниот суд,

Слични содржини