Земјотрес со јачина од 7,1 степен според Рихтеровата скала ја погоди провинцијата Чингхај во Кина.
Претходно во текот на денот, земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала, ја погоди областа во близина на градот Дали во кинеската провинција Јунан, на длабочина од 10 километри.
https://t.co/D1MTAhRqOR #Sismo #China #QINGHAI #Dali
— InfoMED News Press (@InfoMED_Agencia) May 21, 2021
Земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала го погоди кинескиот Кингхај на длабочина од 10 километри, соопшти германскиот истражувачки центар за геолошки науки (ГФЗ).
Terremoto golpea el sur de Qinghai, China https://t.co/GQ4pynrvH4
— telerealrd (@telerealrd) May 21, 2021
Сеизмолозите ширум светот регистрирале земјотрес од 6,9 до 7,0 степени според Рихтеровата скала.
Да потсетиме, два силни земјотреси веќе се случија денес на југот на земјата во провинцијата Јунан, во близина на тибетската висорамнина, каде земјотресите се чести поради движењето на тектонските плочи.
Првиот беше поблаг со околу 5,7, додека вториот беше посилен со 6,4 степени по Рихтер, за да се случи многу посилен во централна Кина.