Уште пожестоко во Брисел, до тогаш уште од најавените “бомби” …

од desk3
92 прегледи

trojka
Од она што може да се дознае од страните во преговорите за излез од политичката криза е дека во Април догодина ќе се оди на избори ако падне договор за техничка Влада без Груевски да биде премиер. Може да се очекува дека Груевски може да се повлече, а како што локално.мк претходно извести најверојатно Никола Тодоров би бил адутот на Груевски да ја заземе премиерската позиција, тој да ја готви партијата за избори, а опозицијата да добие неколку министерства.
Од дипломатски кругови може да се дознае дека американските дипломати го следат секој детал од преговорите и политичката криза, но и дека се подготвени да испратат и дипломат од највиското раководство доколку локалните политичари не се смират. Впрочен вчера Хан замина за САД за да брифира таму до каде се состојбите на Запдниот Балкан.

Она што може да се очекува е дека во Брисел се очекува пожестока фаза од решавањето на политичката криза.
Власта очекува дека  до преговорите во Брисел  ќе се пуштат во јавноста на прислушкуваните разговори за случајот Монструм , за што упатените сметаат дека е подигање на влогот во кризата, по што може да се очекува и вмешување на Американците во преговарачкиот процес.

Според веројатните сценарија, понатамошните бомби би предизвикале излегување на ДУИ од власта бидејќи материјалите за Монструм би можеле да предизвикаат демонстрации против власта.

Она другото сценарио е дека во актуелната политичка криза ќе се вмеша и кривичната против Заев за “Пуч” која пак може да предизвика исто така немири, поради самоволието на институциите под капа на Груевски.