Бурата во врска со смртта на легендарниот Диего Марадона не стивнува, а надлежните органи го дополнија списокот на осомничени за небрежност во неговото лекување.
Аргентинецот почина на 25 ноември минатата година на 61 година, откако беше опериран неколку недели порано.
Тогаш беше констатирано дека има голем хематом на мозокот и постапката е неопходна, но неговата здравствена состојба потоа се влоши.
Првиот човек на списокот на осомничени е личниот лекар на Марадона, Леополдо Лук, кој беше задолжен да се грижи за здравствената состојба на легендарниот фудбалер.
Властите исто така го проширија списокот на осомничени со психологот Карлос Дијаз и медицинските работници Дијана Мадрид и Рикардо Алмирон.
Тие се обвинети за небрежност и недоволна грижа за пациентот и се претпоставува дека тоа влијаело на смртта на Марадона.