Уште тројца повредени во кочанската трагедија пренесени во УКЦ Ниш

од Nikola Popovski
56 прегледи

Уште тројца пациенти повредени во пожарот во Кочани се пренесени на Универзитетскиот клинички центар во Ниш. Двајца мажи и една жена се префрлени од Универзитетскиот клинички центар Србија во УКЦ Ниш и лекувањето ќе го продолжат на Одделот за пластична и реконструктивна хирургија.

„Шест повредени во овој трагичен настан во моментов се хоспитализирани во Клиничкиот центар Ниш. Четворица мажи и една жена се на одделението на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, додека еден пациент се уште е на одделението за интензивна нега на Клиниката за анестезија и интензивна терапија“, соопштиле од Клиничкиот центар во Ниш.

Сите оперативни мерки и напори на медицинскиот персонал се насочени кон опоравување на повредените.

Вкупно 9 пациенти од македонските болници ќе заминат дома, а 8 пациенти ќе се вратат од странство – се враќаат по двајца пациенти од Австрија, Белгија, Турција и Хрватска. 101 останува во странство.

Пациентите кои пристигнаа од Шпанија се прегледани на Токсикологија.

Слични содржини