Уште тројца од повредените македонски патници во автобуската несреќа во Бугарија се очекува да пристигнат денеска во Скопје.
Во саботата во земјава беа хоспитализираните пациентка на 17 годишна возраст и пациент на 49 годишна возраст, повредени во автобуската несреќа што се случи на автопатот „Струма” при која преживеаја седуммина од вкупно 52 патници.
– Пациентите ќе бидат задржани на опсервација и согласно тоа колку време треба да останат, ќе бидат хоспитализирани, по што ќе се направи проценка да се испишат на натамошен домашен третман, изјави Филипче во саботата, кој додаде дека пристигнале колегите од психијатрија со цел да се даде и психолошка помош, кажа министерот за здравство Венко Филипче.
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, вчера изјави дека планира да контактира со семејствата на загинатите во автобуската несреќа што се случи во Бугарија за, како што рече, да ги чуе нивните очекувања по однос на пренесувањето на телата и процедурите понатаму.
– Беше најавено една недела од случувањето на несреќата, меѓутоа има различни проекции, дека може да биде еден ден потоа, до крајот на неделата. Така што, не можеме точно да знаеме бидејќи сето тоа ќе зависи како во лабораторија ќе се одвива процесот на идентификација преку ДНК материјалите, изјави Османи.