Уште во првите денови градоначалниците на Мицкоски го покажаа режимското лице, реагираат од СДСМ

од Vladimir Zorba
794 прегледи

„Уште во првите денови од мандатот, градоначалниците на Мицкоски го покажаа своето вистинско режимско лице“, реагираат од СДСМ на прес-конференцијата на Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Се бркаат луѓе од работа во Јегуновце, прекинати се договори за работа на лица ангажирани и во други општини.

Наместо да се чистат, се трупаат дивите депонии во општините Ѓорче Петров и Бутел.

Не се почитува Уставот, наместо интересот на граѓаните се тера политиканство во Штип, Кисела Вода, Аеродром.

Значи едно зборуваат од ВМРО-ДПМНЕ а сосема друго прават.

Останува фактот дека за разлика од пред четири години кога општините беа заглавени во долгови, денес општините се во одлична финансиска состојба.

Ако на градоначалниците на ВМРО- ДПМНЕ им се потребни јавни насоки за да работат, јасно е дека за нив поважен е Мицкоски од интересот на граѓаните“, додаваат оттаму.