Условна казна за сопственичката на „Диамед“

од Nikola Popovski
163 прегледи

Сопственичката на „Диамед“, Вера Иванова доби условна казна затвор од времетраење од две години за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување и перење пари за центрите за дијализа „Диамед“.

Согласно одредбите од членовите 48, 42 и 50, единствена казна затвор од две години нема да се изврши доколку обвинетата во рок од пет години сметано од денот на пресудата, не стори ново кривично дело.

Обвинителството ја товареше Иванова како одговорно лице – управител на ТД МЕТРОПОЛИТЕН ДОО Скопје, искористувајќи ги овластувањата, во 2013 година со намера за себе да прибави противправна имотна корист, искористила прилика како трговско друштво да учествува во постапка организирана од Министерството за здравство за добивање на лиценца за извршување здравствена услуга – дијализа.

Таа се товари за злоупотреба на службената положба и за перење пари во вкупен износ од 11 милиони и 500 илјади евра.

Судскиот процес започна во 2001 година.

Слични содржини