Условна казна за вториот напаѓач на Арсовска при инцидентот во Чаир

За истиот настан, на 2 септември Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда со која обвинетиот Сулејман Љамалари беше прогласен за виновен за кривично дело насилство и осуден на две години затвор

од Nikola Popovski
27 прегледи Фото: Фејсбук профил на Данела Арсовска

Условна казна затвор од две години, која нема да се реалзира ако не стори друго кривично дело во следните пет години, му изрече Основниот кривичен суд Скопје денеска на Реџеп Нуредини, врз основа на признание на вина, за нападот врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, во јуни годинава во Чаир.

Бранителот на Реџеп Нуредини, адвокат Насер Рауфи, во изјава за медиумите по денешното рочиште, рече дека обвинетиот со признанието на вина придонел за ефикасност на постапката и дека во случајот е определен и заштитен надзор, со пробациските мерки.

Според обвинението Реџеп Нуредини се товари за сторено кривично дело „насилство“ од член 386, став 1 од Кривичниот законик.

За истиот настан, на 2 септември Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда со која обвинетиот Сулејман Љамалари беше прогласен за виновен за кривично дело насилство и осуден на две години затвор. Тој, како што велат од Градот, не покажал каење и со своето однесување го исмејувал судот и јавноста.