Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис изјави денеска дека разорните пожари кои горат низ целата земја повеќе од една недела се најголемата еколошка катастрофа што Грција ја видела во последните децении.
„Успеавме да спасиме животи, но загубивме шуми и имот“, рече Мицотакис на прес -конференција, опишувајќи ги пожарите како „најголемата еколошка катастрофа во последните децении“, пренесе АП.
Премиерот рече дека властите се соочуваат со околу 100 активни пожари секој ден.
Ситуацијата е значително подобрена до денес, бидејќи повеќето големи пожари ослабнаа во интензитетот.
Сепак, премиерот предупреди дека опасноста од нови пожари се уште е присутна.
– Се наоѓаме кон средината на август и јасно е дека не очекуваат тешки денови до крајот на главната сезона во која избиваат пожари – рече Мицотакис.