Дали случајно или не, во август 2006 година, бев повикан на состанок во Букурешт и поранешниот сопственик, ми го престави новиот со зборовите. Ја продадовме Рафо. Прашањето кое си го поставивме е која е целта на човекот со многу пари и можности. Човечки е да се надеваш на подобро. Но тогаш почна и удолницата.
Критичните години за Рафо биле од 2002 до 2008 година период во кој вработените ги продале акциите, се промениле тројца сопственици, сите со сомнителни бизниси со офшор компании од земји кои се даночни раеви. Но работниците не биле свесни за она што се случува.
Рускиот инвеститор кој во моментов ја има фабриката не дава голема надеж ни за поранешните вработени, ни на жителите на Онешти.
Рафинеријата стои нефункционална. Треба некој да ја земе, затоа што таа работеше, произведуваше. Зошто никој не ја зема? Зошто само арамии да се меткаат тука и а народот да е без работа? Не е само тука со арамии, цела држава страда од нив.
Ситуацијата е многу тажна во Онешти затоа што не гледам личности кои би биле паметни и способни за да направат проекти за овај град. Кои би можел да ги направи? Градоначалникот? Општината? Младите кои се заминати од државата, на место да останат тука, да планираат и градат…но што е тука е.
Најголемиот дел од имотот на рафинеријата која креирала еден процент од БДП на Романија денес е продаден како старо железо. Онешти пак е преполовен тажен град./Телма
