Успешен настап на македонски музичари на Фестивалот на класична и експериментална музика во Тирана

од Vladimir Zorba
214 прегледи

На покана од македонскиот Културно-информативен центар во Тирана, Албанија, на Фестивалот на класична и експериментална музика „Магична флејта“ синоќа настапија македонските музички состави „Трио Академико“ и „Македонски дувачки квартет“.

Од КИЦ -Тирана информираат дека македонските музичари се претставиле со получасовна програма.

„Последниот дел од концертот, македонските заедно со албански класични музичари, изведоа две нови дела од реномираниот албански композитор Фатос Керимај. Минатата година на истиов фестивал се претстави нашата млада и талентирана пијанистка, Ивана Мазнејкова“, нагласуваат од КИЦ-Тирана.

Слични содржини