Клиниката за кардиологија извршила уште една комплексна интервенција на дисекција на аорта кај 51 годишен пациент, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.
-Станува збор за пациент со тешка дисекција на аорта, кој бил препратен од друга болница со болка во градите и грбот. Овој тип на интервенции е доста сложен и мора да се интервенира ведаш за да се спаси животот на пациентот. Тимот кој ја изврши оваа операција го предводеше д-р Жан Зимбаков заедно со д-р Игор Спироски – интервентен кардиолог, Стефанија Хаџиевска – анестезиолог и д-р Мишел Андов – васкуларен хирург. Благодарение на целиот тим процедурата успешно е завршена, со одличен резултат. На пациентот му посакувам побрзо закрепнување, а до вработените на кардиологија: Горд сум на сите вас, напиша Филипче на Фејсбук.