Успиена најстарата машка џиновска панда во Хонг Конг

од Stefanija Kuzmanovska
202 прегледи

Најстарата машка џиновска панда за која се грижат луѓе, Ан Ан, била успиена денеска на 35-годишна возраст, што е еднакво на човечка возраст од 105 години, соопшти тематскиот парк во Хонг Конг каде што живеела.

Од „Оушн парк“, каде Ан Ан живее од 1999 година, наведуваат дека неговата здравствена состојба во последните неколку недели постојано се влошувала и дека јадел се помалку, додека конечно престанал целосно да зема храна, пренесува „Ројтерс“.

Ан Ан и Џиа Џиа, најстарата женка панда на светот, која почина во 2016 година на 38-годишна возраст, беа подарок од кинеската влада на „Оушн парк“ во Хонг Конг.

Слични содржини