Вучиќ повикан на сослушување: Откриена и причината зошто

од Stefanija Kuzmanovska

Српскиот претседател Александар Вучиќ наскоро би можел да се најде на суд како сведок во случајот „Панда“ од 1998 година.

Во 1998 година, во косовскиот град Пеќ, се случил напад во кафулето „Панда“ каде биле убиени шест млади момчиња од српска националност. Правниот застапник на родителите на убиените сега го повика Вучиќ да сведочи на судењето за овој случај.

Имено, од 2013 до 2018 година, во својство на вицепремиер, Александар Вучиќ гостуваше во неколку ТВ емисии, каде рече дека тој знае што се случило.

Како што изјави во 2013 година: „Злосторството во ‘Панда’ не го извршиле Албанци како што досега верувавме. Јавноста ќе биде згрозена кога ќе се открие вистината“.

 

Две години подоцна тој изјави: „Талкаме во мракот. Речиси сум сигурен што се случи во кафулето ‘Панда’, но немам доказ. Не сум сигурен дека нашите органи би можеле да се гордеат со она што го направија тогаш“.

Слични содржини