УСС: Ќе се отвори вакцинален пункт на УКИМ

од Nikola Popovski
464 прегледи

За предавањата во зимскиот семестар од учебната 2021/22 ќе се применува комбиниран пристап на настава (онлајн и со физичко присуство), информираа од Универзитетското студентско собрание (УСС) на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Според нив, покрај ова, испитната сесија која е веќе тековна исто така продолжува комбинирано, односно според одлуката на професорот дали испитот ќе се спроведува онлајн или со физичко присуство, со запазени сите мерки за заштита од ковид.

-Понатаму, беше донесен заклучок за овозможување отворање на вакцинален пункт на Универзитетот со цел олеснување на процесот на вакцинација на студентите и кадарот на УКИМ. Од Владата на РСМ ќе се бара изготвување на протоколи за високо образование и допрецизирање на Одлуката за измени и дополнувања на Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредни мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување и заштита на здравјето на населението од заразната болест КОВИД 19, велат од УСС.

Слични содржини