247
Уставниот суд денеска ја одржа 7. Седница со дневен ред на кој се разгледуваа четири иницијативи.
Иницијаторите на една од нив го оспоруваат ставот во кој се признаваат прислушуваните разговори на кои се засновани предметите на СЈО.
„Предлогот на судијата-известител да не се поведува постапка за членот 110 од Законот за јавно обвинителство не го доби потребното мнозинство од пет гласа. Меѓу оспорените одредби се опфатени и прислушуваните материјали од СЈО“, се вели во соопштението на Уставен.
Подносители на иницијативите: Здружението „Светски македонски конгрес“ од Скопје и Влатко Илиевски, адвокат од Скопје.