Уставниот суд на Република Северна Македонија го отфрли барањето на поранешниот судија Владимир Панчевски, за заштита на слободите и правата од член 110 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија.
Тој го поднесе барањето преку полномошникот Петро Јанура, адвокат од Скопје.
Во образложението од Уставниот суд се вели дека со оглед на тоа што пресудата на Апелациониот суд КЖ.746/2020 од 14.07.2021 е укината од Врховниот суд на 09.02.2022 година што упатува дека постапката пред редовните судови се уште не е завршена и недостасува еден од основните елементи предвидени во чл.51 од Деловникот на Судот, односно постоење на правосилен акт, за да може Уставниот суд да ја цени основаноста на поднесеното барање.
Поранешниот претседател на скопскиот кривичен суд ги бараше своите права од Уставниот суд. Тој сметаше дека бил дискриминиран, во споредба со останатите претседатели на судови и носители на јавни функции.