Уставен го укина Законот за одредување на казните

од desk2
123 прегледи

Уставниот суд на денешната седница донесе одлука Законот за одредување на видот и одмерување на висината на казната да биде укинат.

Како што потврдуваат од Уставен, судиите констатирале дека законот е уставно проблематичен и треба да биде укинат.

Одлуката ќе стапи на сила по нејзиното објавување во Службен весник, со што и, укинатиот закон повеќе нема да биде дел од правниот поредок. Законот е донесен во 2014 година.