336
Уставниот суд утре ќе ја разгледува иницијативата на Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз, во врска со Изборниот законик со кој се фаворизираат четири партии и не се обезбедени услови за рамноправен политички натпревар, соопштија од партијата.
Со иницијативата се бара укинување на законски решенија со кои на две партии од власта и две партии од опозицијата им се обезбедува 90% од медиумскиот простор, финансирање на изборна кампања, простор за реклама, како и во целина финансирањето на партиите преку партиски институти итн.
„Со овој закон се загризува политичкиот плурализам, што е спротивно на Уставот и воопшто на демократските правила за демократски и фер избори“, велат од партијата на Трајанов.