Уставниот суд за локално.мк потврди дека до него е доставена иницијатива оценување на уставноста на Законот за јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. Во дописот на Уставниот суд се вели:
“До Уставниот суд на Република Македонија на 25 септември 2015 година од Адвокат Томе Тодоровски од Свети Николе е доставена иницијатива за оценување на уставноста на Законот за јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.”
Засега од таму не информираат за кога би била закажана седницата за оценка на уставноста на законот.
