Уставен суд ќе ја оценува уставноста на јавните набавки, домашната платежна картичка, финансиската поддршка на граѓаните

од Берта Китинска
250 прегледи

Уставниот суд на Република Северна Македонија денеска ќе одржи седница на чиј дневен ред се повеќе иницијативи за оценување на уставноста и законитоста на неколку уредби со законска сила и одлуката за утврдување на постоење на вонредна состојба.

На дневен ред на 24-тата седница на Уставен суд се 16 точки, од кои прва е иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Член 353 став 5 од Кривичниот законик, кој предвидува казна затвор од минимум пет години за функционери кои го оштетиле буџетот со јавни набавки.

Ова е една од поинтересните точки за медиумите и дека по завршување на седницата ќе информираат за сите точки на дневен ред.

Уставниот суд еднаш има расправано и одлучувањето беше одложено, велат од Уставниот суд.

Уставниот суд оваа иницијатва, под број 106/2018 претходно ја има разгледано на 26-тата седница одржана на 13.11.2019 година.

На дневен ред се и уредбите со законска сила за финансиска подршка на граѓаните и вработените лица со низок доход, млади лица и здравствени работници преку издавање домашна платежна картичка намената за купување на македонски производи и услуги за време на вонредна состојба и уредбата за прашања поврзани со изборниот процес, како и одлуката за утврдување на постоење на вонредна состојба од 16 мај 2020 година.

Слични содржини