Уставен суд ќе расправа за барањето за заштита на слободи и права на поранешниот претседател на Основен суд Панчевски

од Берта Китинска
286 прегледи

Днеска Уставниот суд ќе разгледува две иницијативи и едно барање за заштита на слободите и правата.

Првата иницијатива, е во врска со Одлуката за превентивни препораки и времени мерки, за заштита на здравјето на населението од заразната болест COVID-19.
Втората иницијатива која ќе биде разгледана денеска е Решението на Командантот на Воена пошта 4770 Куманово.

Како трета точка на дневниот ред е Барање за заштита на слободи и права поднесено од поранешниот претседател на Основниот Кривичен суд – Скопје, Владимир Панчевски, против пресудите на Основен суд – Велес и Апелационит суд – Скопје.

Поранешниот претседател на скопскиот кривичен суд Панчевски ги бара своите права од Уставниот суд. Смета дека бил дискриминиран, во споредба со останатите претседатели на судови и носители на јавни функции.

Слични содржини