Уставен суд пресече: Поништувањето на аболицијата на Иванов е Уставно и во рамки на законот

477 прегледи

Уставниот суд со 5 гласа за, и 3 против, донесе одлука дека повлечената аболиција на Ѓорѓе Иванов е законска и Уставна.

Имено, уставните судии посочија дека помилувањето кое Иванов го даде, па го повлече е сосема уставно.

Судијата известител за овој случај, посочи дека не смее на граѓаните да им се скрати правото да побараат повлекување на помилување доколку сметаат дека својата невиност можат да ја докажат во Суд. Оваа одлука на уставниот суд исто така, значи дека веќе не постои правна пречка на обвинетите од поранешното СЈО да им се суди бидејќи најголем дел од нив се повикуваа токму на фактот што дадена аболиција не може да се повлече и не може да се поништи.

Инаку во 2016 година Ѓорге Иванов амнестираше од вина 56 лица кои беа дел од истрагите на СЈО. По силните реакции на јавноста и меѓународниот фактор, аболицијата ја повлече и сѐ до денеска обвинетите во судница тврдеа дека поништената аболиција нема законска основа, факт кој денеска го поби Уставниот суд со одлука дека поништената аболиција е законска и уставна.

Слични содржини