Уставниот донесе одлука- ќе може да се помилуваат изборни криминалци, педофили, терористи и дилери

од desk3
96 прегледи

Уставниот суд на денешната седница со мнозинство гласови донесе одлука за укинување на Законот за изменување и дополнување на Законот за помилување од 2009 година.

ustaven_sud_pres

Оваа одлука, како што велат од Судот, произведува правно дејство по денот на објавувањето во „Службен весник на РМ“.

– Судот со мнозинство гласови донесе одлука за укинување на Законот за изменување и дополнување на Законот за помилување од 2009 година. Наредниот период како конечна одлука ќе биде објавена и на веб-страницата на Уставниот суд, велат од Судот.

Средба Заев-Лидингтон: За кредибилни избори неопходни се чист Избирачки список и медиумски реформи

Деталното образложение за Одлуката, како што додаваат од Судот, ќе биде достапно и за правната фела и за сите заинтересирани да ги видат уставните аргументи за укинувањето на предметниот закон од 2009 година.
Иницијативата беше поднесена од адвокатот Ристо Китевски од Скопје.