До денеска на сила беше времената мерка за укинување на мораториумот што Уставниот суд ја донесе лани во декември. Градоначаликот на Центар Саша Богдановиќ тогаш изјави дека има и други начини да се запре градењето, а Советот го прифати предлогот на Јана Белчева-Андреевска за суспензија на плановите за градење
Уставниот суд денеска ја укина одлуката за забрана за градба на територијата на Општина Центар и го отвори патот за градење на територија на општината каде ДУП-овите беа оспорени, објави 360stepeni.mk.
На веб-страницата на судот попладнево е објавено соопштение во кое се вели дека Уставниот суд ја укина Одлуката за начинот на применување на деталните урбанистички планови донесена од Советот на Општина Центар на 27.03.2019 година и го стави вон сила Решението за запирање на извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземени врз основа на актот, означен во точката 1 од оваа одлука.
До денеска на сила беше времената мерка за укинување на мораториумот што Уставен ја донесе во декември лани.
Веднаш потоа Советот на Општина Центар ја прифати иницијативата на советничката Јана Белчева-Андреевска да се искористи законската можност за суспензија на плановите за градење.
Белчева-Андреевска се повика на членот 23 од новиот Закон за урбанистичко планирање.