42
Уставниот суд денеска на седница ќе донесе конечна одлука по иницијативата за оценка на уставноста и законитоста на „балансерот“ – алатката која овозможува вработување според национална припадност во државните институции.
Минатиот месец, Уставниот суд започна постапка за оценка на неколку членови од два закони и правилници, суспендирајќи ги додека трае процесот. Судот во моментов разгледува дали одредувањето на припадноста на заедницата за секое работно место ги ограничува кандидатите во пристапот до вработување и дали укажувањето на етничката припадност го нарушува принципот на стручност и компетентност, како и уставно загарантираното право на работа и слободен избор на вработување.