Уставниот суд денеска ја почнува расправата   по иницијатива на претседателот на ДС Павле Трајанов  за оценување на уставноста на одлуката на Собранието на Р Македонија  за распуштање на парламентот со одложено дејство.SKOPJE-2014-плоштад-археолошки-музеј-уставен-суд

Парламентот на 18.01 2016 г донесе одлука за негово распуштање , но наместо да стапи во сила вееднаш  и се спроведат избори во рок од 60 дена , примената е одложена  да стапи на сила на 24 февруари , односно 60 дена пред изборниот ден за 24 април, за кога само начелно се закажани предвремените парламентарни избори. Датумот не е сигурен бидејќи претходно е условен со други обврски кои треба да бидат спроведени согласно пржинскиот договор, , а тоа може да произведе и друг одложен датум на оддржување на избори, се додека не се исполнат сите услови

Пратеникот Павле Трајанов, токму за тоа укажа на парламентарната дебата , и пред и по изгласувањето на оваа спорна одлука на партиите на власта, а опозицијата ја напушти салата и не сакаше да учествува како што велат во таква ујдурма.

sobranie pratenicki prasanja,pavle trajanov so skrsteni race vo sobranie

sobranie pratenicki prasanja,pavle trajanov so skrsteni race vo sobranie

Трајанов уште на седницата најави дека ќе ја поднесе оваа иницијатива, која пред Уставниот суд дојде на дневен ред само неколку дена пред истекот на рокот на изјаснување на одлуката на меѓународната заедница да се изјаснат ,дали ќе препорачаат одлагање на датумот на изборите за неколку месеци подоцна.

Почетокот на седницата на Уставниот суд е закажана за денеска во  9 часот а пратениот Павле Трајанов , како предлагач на иницијативата воопшто не е поканет да присуствува и да ја образложи истата.

 

 

Слични содржини