Уставниот суд донесе времена мерка: Нема впишување на националност во изводите

од Nikola Popovski
302 прегледи

Од денеска па до конечната одлука, од граѓаните не смеат да се бараат податоци за впишување на националност во изводите за родени, венчани и умрени лица. Донесена е т.н. времена мерка, изјави портпаролката на Уставен суд Христина Беловска.

Од Уставниот суд сметаат дека националната припадност е лично чувство, емпириски непроверлив податок и слобода на изразување утврдена со Уставот.

Подносител на барањата била партијата Левица.

Упатството за матичните книги, во кое беше додадена графата за националност, беше донесено од министерот за правда Кренар Лога на 29 мај годинава. Актот беше објавен во „Службен весник“ на 15 јуни, односно 17 дена од неговото усвојување, или поконкретно – 10 дена од истекот на законскиот рок за оваа процедура.

Уставните судии изразија сомнеж во уставноста на ова упатство и покренаа иницијатива за проверка на законитоста. Во меѓувреме, односно на 5 јули, Судот донесе времена мерка со која го стави надвор од употреба упатството на Лога додека не се донесе конечна одлука за предметот.

Од наводите во иницијативата се вели, дека според подносителот, чувството на национална припадност е лично чувство на граѓанинот и не може да се докажува со јавна исправа, т.е. со документ издаден од државен орган, пред се поради фактот што слободата на изразување на националната припадност го вклучува и правото на промена на чувството за национална припадност, а со практичното воведување на графа за националноста во изводот од матичните книги – како јавни регистри, се окончува еднаш изразеното национално чувство.

Слични содржини