Уставниот суд “експресно”, во среда Одлука за помилувањето за изборни нерегуларности

од desk3
115 прегледи

ustaven

Уставниот суд на Република Македонија “експресно” во среда ќе гласа конечно за тоа дали ќе ги прогласи за противуставни одредбите од Законот за помилувањето се кои се забранува помилување за изборни нерегуларности.

Како што може да се види од интернет страницата на Уставниот суд, судиите ќе одлучуваат на 16 март за предметот 19/2016.

За подобар квалитет кликнете на фотографиите

ustaven2

Конкретно стои дека станува збор за „предлог за одлучување, со нацрт-одлука по предметот“ но во моментов не се знае каква е содржината на одлука што се предлага.

Експресното продолжение на постапката на судот се случува кога ЕК реагираше на најавите од Уставниот суд кој презема иницијатива за помилување на лицата кои учествувале во изборни нерегуларности.

Наумов: Груевски и Ставрески индиректно ги покачуваат даноците, ДДВ обврзник со 1 мил. денари

Процедуралните чекори кои ги презема Уставниот суд на Македонија се во спротивност со реформскиот процес и напорите на меѓународната заедница за создавање услови за кредибилни избори, посочи денеска портпаролот на европскиот комесар за проширување Маја Коцијанчиќ.

„Во однос на влијанието кое (чекорите на Уставниот суд) можат да го имаат врз парламентарните избори, согласно договорот од Пржино, тие се предвидени како клучни чекори во реформскиот процес кој треба да ја врати довербата на граѓаните во изборниот процес и да ја извлечат земјата од политичката криза.

Секој потег кој е спротивен на ова мора да се избегне. Секоја сугестија за неказнивост во однос на изборни прекршоци ќе биде во спротивност со напорите инвестирани од земјата и од меѓународната заедница во насока на создавање на услови за кредибилни избори и обид да се врати довербата на граѓаните во изборниот процес.
Таквов потег би бил во спротивност со одлуката на парламентот и на сите политички партии за формирање на Специјално обвинителство кое треба да ги истражи сомнежите, вклучително и нарушувањата во однос на минатите избори“, се наведува во изјавата на Коцијанчич.