Уставниот суд ќе оддржи седница: На дневен ред Законот за јазиците и Законот за договорот од Преспа

351 прегледи

Подготвителна седница ќе оддржи денес Уставниот суд, а врзана а предметите во кои е оспорена уставноста на Указот за Законот за ратификација на договорот со Грција (т.н. Преспанскиот договор) и Законот за ратификација на Конечна спогодба за решавање на разликите опишани во резулуциите 817(1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на ОН за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните и на Указот за прогласување на Законот за употреба на јазиците и Законот за употреба на јазиците.

Во таа насока, од Уставниот суд информираа дека во однос на Законот за ратификација на Конечна спогодба за решавање на разликите опишани во резулуциите 817(1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на ОН за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните и Указот за прогласување на Законот, до нив се поднесени седум иницијативи. Меѓу подносителите на иницијативите се Светскиот македонски конгрес, професорката Солза Грчева, како и граѓани.

Во однос пак, на Законот за употреба на јазиците и Указот за негово прогласување се поднесени вкупно 13 иницијативи.

Слични содржини