Уставниот суд на Албанија ја отфрли тужбата на пратениците за укинување на мерките против Бериша

од Radmila Tasevska
199 прегледи

Албанскиот Уставен суд ја отфрли тужбата на група демократски пратеници од крилото на Сали Бериша, со која се бараше суспендирање на мерките на Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК, против  Бериша.

Со тоа судот ја озакони мерката за задолжително јавување во судот и забрана за излез на Сали Бериша од државата, донесена од Специјалниот суд на 21 октомври годинава.

Одлуката која била донесена  со мнозинство гласови, значи и право на негово апсење поради непочитување на мерката за јавување, откако ќе му биде одземен пратеничкиот имунитет.

Седницата за одземање на имунитетот на законодавниот дом е закажана за утре, по вчерашната одлуката на Советот за мандати. Се очекува само формално да помине имајќи го предвид бројот на пратеници од владејачкото мнозинство.

Од друга страна Бериша за утре пред парламентот најави масовен протест, кој ќе продолжи пред СПАК.

Слични содржини