Уставниот суд повторно ја одложи расправата за крстот во Бутел

од desk3
101 прегледи

Уставниот суд повторно ја одложи расправата по иницијативата за оценка на уставноста и на законитоста на одлуката за поставување на 55-метарскиот крст во општина Бутел, која предизвика тензии кон крајот на февруари и на почетокот на март годинава.

ustaven-sud-860x6701-860x670

Предлогот за одложување на расправата за некоја од следните седници била на судијата Сали Мурати, кој не присуствувал на денешната седница. Уставните судии со осум гласа „за“ одлучиле да ја тргнат оваа точка од дневниот ред на седницата.

Ова е вторпат уставните судии да ја одложат расправата за оваа иницијатива, која до судот во март ја поднел струшкиот градоначалник Зијадин Села, според кого, одлуката за поставување на крстот не била во согласност со Бадинтеровиот принцип.

„Претседателот Иванов куртули„ нема импичмент

Претходно, за крстот во Бутел уставните судии требаше да расправаат на седницата што се одржа на 31 мај, но тогаш точката беше повлечена од дневниот ред од судијата известител Владимир Стојановски, кој без посебно образложение рекол дека таа ќе се разгледува на некоја од следните седници.

Поставувањето на крстот, кој е донација на Светскиот македонски конгрес (СМК), предизвика тензии откако членови на ДУИ и нивни поддржувачи поставија камп и протестираа против изградба, на што со контрапротести одговори СМК, чиј претседател Тодор Петров беше и физички нападнат дента по свеченоста за осветување на камен-темелникот.

META

Слични содржини