Уставниот суд се подготвува да покрене постапка за уставност на Специјалното Јавно обвинителство по иницијативата на Тодор Петров, најдоцна до следната недела, дознава А1он.

Иницијативата, е веќе по налог на еден од уставните судии кои гласаа за законот за помилување, подготвена да биде ставена на дневен ред по што ќе следи сигурно поведување постапка зашто е веќе договорен цел процес.
Според извори на А1он, брзопотезно ќе мора се да помине и да биде изгласана неустaвноста на Специјалното јавно обвинителство, со што треба да биде закочена неговата работа. Политичкиот налог кој им е даден на судиите е да се донесе што побрзо одлуката, поради тоа што треба да се спречи да биде воопшто покрената предистражна постапка од СЈО против еден досегашен висок функционер, односно за него да нема никаква дамка.