Уставните измени не се бугарски услови туку европска определба, порачува Ќучук

од Nikola Popovski
278 прегледи

За да биде дел од Европската унија, Република Северна Македонија мора да го промени својот Устав, изјавил бугарскиот европратеник Илхан Ќучук, кој ќе учествува на конференција организирана во Европскиот парламент, насловена како „Секогаш поблиска унија – придонесот на Бугарија за целосна европска интеграција“.

Според неговите зборови, влезот во ЕУ значи правила и исполнување на обврските.

-Верувам дека ќе се најде политички разум и РСМ ќе ги исполни преземените обврски. Тоа не се бугарски услови, туку европска определба изгласана од двете страни, прокоментирал европратеникот, пренесуваат бугарските медиуми.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери ја прекина седницата за уставните измени на 18 август. Дневниот ред на седницата во Собранието за отпочнување на процедурата за уставни измени беше усвоен со 70 гласа „за“, а по исцрпувањето на дискусијата за предлог-одлуката за пристапување кон измена на Уставот, претседателот Џафери го одложи гласањето до обезбедување двотретинско мнозинство.

Официјална Софија лани го повлече ветото на македонските евроинтеграции наметнато поради поради историски, јазичен и идентитетски спор со Скопје. Но за да почне земјава да отвора кластери во преговорите со ЕУ треба да го промени Уставот и во него да ги вклучи и Бугарите.

Слични содржини