Немаме друга алтернатива освен уставните измени, смета Лукаревска

од Vladimir Zorba
142 прегледи

Нашата стратешка цел – европската агенда и перспектива ни е конечно на дофат и тоа не смееме да го запоставиме, истакна потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска во гостувањето во Канал 5 телевизија.

-Немаме друга алтернатива освен уставните измени. Тие ни се обврска да тргнеме напред на европскиот пат. Тоа не е перспектива само на СДСМ, само на оваа Влада, туку таа треба да е заеднички именител на сите. Аргументите и политичкиот дијалог треба да не водат напред кон реалиација на ова клучно прашање за државата, кажа Лукаревска.

Таа истакна дека лажниот патриотизам не води никаде , а теориите за бугаризација, асимилација и други лажни вести се покажале како неточни.

– Како опозицијата го поддржува европскиот пат? Со блокади во Собранието?, праша Лукаревска.

Таа очекува 120 пратеници да ги поддржат уставните измени.

-Што е разликата сега ВМРО-ДПМНЕ да ги гласаат уставните измени, па избори или пак да се случат изборите па потоа да ги гласаат уставните измени, како што се зборува дека Мицкоски зборувал по амбасадите, кажа Лукаревска.

Слични содржини