Уставните измени за внесување на Бугарите мора да се спроведат за доброто на државата, а не да се користат за партиски интереси.
Спикерот Џафери во интервју за Радио Слободна Европа вели дека се потреба уставните измени „не е заради мнозинството или не знам на кого, туку потреба на државата за да може да си го преземе и да го изоди патот, кој впрочем е определен пред три децении да се изоди со сите предизвици што ги има државата на тој пат“.
„И во тој контекст сметам дека сите треба да рефлектираат по однос на интерес на државата и на граѓаните, а на по интерес на политичките партии и во смисла на дневна политика, борба за гола власт да се менува власта, туку во секој случај која и власт да дојде ќе мора да го изоди тој пат. И во тој контекст сметам дека како избрани и одговорни луѓе би требало да резонираат сите во контекст на потребата и интересот на државата и на граѓаните за да може да се отвори тој пат“, вели Џафери.
Активната блокада е единствената можна акција за делегитимирање на беззаконието на Талат Џафери, велат од ВМРО-ДПМНЕ во реакција на ставовите на собранискиот спикер, кој во интервју за Радио Слободна Европа кажа дека Собранието не може да остане блокирано поради пратениците од опозицијата.
„Во однос на уставните измени за кои Џафери зборува тоа не се обврски на државата кон ЕУ, туку обврски на кои криминалната клика на СДС ДУИ прифати за да си ги зачуваат фотелјите, а на целосна штета на македонскиот идентитет, јазик, историја и култура преку целосно национално обезличување и прифаќање на бугарските мегаломански барања.Попрво криминалната влада ќе падне, од тоа да има било какви уставни измени“,реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.