Уставните судии гласаа нерешено за крстот во Бутел

од desk3
93 прегледи

Уставните судии и денеска не донесоа одлука за иницијативата за оценка на уставноста и на законитоста на одлуката за поставување 55-метарски крст во општина Бутел.

Како што информираат од судот за „Мета“, на денешната седница присуствувале осум судии, кои гласале изедначено, однсно четворица биле за отфрлање, а четворица за прифаќање на иницијативата.

ustaven

Иницијативате ќе биде повторно разгледувана на некоја од наредните седници на уставниот суд, најверојано на следната.

Ова е третпат да не се донесе одлука за оваа иницијатива, која до судот во март годинава ја поднел струшкиот градоначалник Зијадин Села, според кого, одлуката за поставување крст во општина Бутел не била во согласност со Бадинтеровиот принцип.

Законот за полиција повторно се менува по скратена постапка и без опозиција

Поставувањето на крстот, кој е донација на Светскиот македонски конгрес (СМК), предизвика тензии откако членови на ДУИ и нивни поддржувачи поставија камп и протестираа против изградба, на што со контрапротести одговори СМК, чиј претседател Тодор Петров беше и физички нападнат дента по свеченоста за осветување на камен-темелникот.

 

META

Слични содржини