Уставните судии утре на дневен ред на седницата на Комисијата за избори и именувања

од Берта Китинска
147 прегледи

На 14 септември 2022 година е планирано одржувањето на првата нова седница на Собранието.

Утре продолжува седницата на Комисијата за избори и именувања за изборот на уставните судии, а ќе се работи и на продолженија на веќе започнати седници.

-Исто така, претседателот Џафери им посочи на координаторите на пратеничките групи од утре да продолжи со работа Комисијата за избори и именувања со точката за избор на уставните судии, а преостанатите комисии на Собранието на Република Северна Македонија да продолжат со разгледување на преостанатите точки од дневните редови. Во периодот што следи, пратениците ќе работат и по продолженијата на веќе започнатите пленарни седници, се посочува во соопштението од Кабинетот на Талат Џафери.

Слични содржини