Собранието по скратена постапка ги усвои измените во Законот за извршување, со кои, меѓу другото, се доуредува постапувањето на извршителите.
Тие нема да можат присилно да извршуваат кај граѓани кои се корисници на гарантирана минимална помош од социјалната заштита, а се намалува и износот на сумата која може да биде задржана. Наместо досегашните 1/3 од плата или пензија, извршителите отсега ќе можат да задржат 1/5 од месечните примања на лицата приматели на просечна плата и пензија. Ова синоќа на својот профил го напиша министерката за правда, Рената Дескоска.
Според неа,измените се одраз на реалната потреба на граѓаните.
„Денес е усвоена измената на Законот за извршување кое е одраз на реалната потреба за помош и поддршка на загрозените категории на лица кои се соочуваат со егзистенцијални проблеми, но и на социјално ранливите групи на лица, кои не по своја вина не се во можност да го намират своите долгови без да им се загрози егзистенцијата, не само лична, туку и на нивните семејства“, напиша Дескоска.
УСВОЕНИ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА #ИЗВРШУВАЊЕ Денес е усвоена измената на Законот за #извршување кое е одраз на реалната…
Публикувахте от Рената Дескоска в Четвъртък, 16 януари 2020 г.
Ситуацијата се актуелизира по протестите на поддржувачите на иницијативата „Стоп за извршителите“. Тие секој вторник пред Министерството за правда бараат да се донесат решенија, кои ќе важат и ретроактивно. Според иницијаторите, во моментов блокирани се 130 илјади трансакциски сметки, од кои повеќето се на физички лица.