Усвоени законските измени: „Историски највисок раст на пензиите“, вели Ковачевски

од Nikola Popovski
299 прегледи

Собранието вечерва ги усвои измените и дополнувањата на Законот за пензиско и инвалидско осигурување со кои се обебзедува одржлив и континуиран раст на пензиите. Со измените на Законот, растот на пензиите ќе се усогласува по два односи, односно со порастот на трошоците за живот и растот на просечната плата.

-Честитки за пензионерите! Законските измени кои ќе обезбедат повисоки пензии и континуиран раст во иднина, вечерва се изгласа во Собранието. Речиси 330.000 пензионери ќе имаат историски највисоки пензии и во просек во домашниот буџет ќе имаат околу 12.000 денари повеќе на крајот на годината. Воедно, со финансиска поддршка обезбедена за наредните 3 месеци, пензионерите ќе имаат и дополнителни 3000 денари за справување со последиците од кризата, објави премиерот Димитар Ковачевски.

Усогласувањето ќе се спроведува на први март и први септември секоја година.

Законодавниот дом, едногласно го донесено и усогласувањето со износот за минимална плата на вработените во македонскиот Парламент, а скратената постапка беше поради потребата претстојната исплата на плата да биде во месец април.

Слични содржини