Утре ќе биде блокиран дел од „Илинденска“, 200 автобуси ќе се паркираат пред Град Скопје

од Nikola Popovski
185 прегледи

Денеска беше соопштено дека приватните превозници од „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ за утре од 6 часот најавуваат блокада на сообраќајот во Скопје на десната лента на булеварот „Илинденска“, на потегот од Владата до МИ-ДА.

Како што информира денеска директорот на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски околу 200 автобуси во сопствениот на превозниците ќе бидат паркирани пред објектите на Град Скопје.

Јовановски денеска на прес-конференција информира дека се уште нема заеднички јазик со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и директорот на ЈСП, Александар Стојковски околу исплатата на долгот што им го должи ЈСП Скопје.

-Утрешниот ден ќе покаже дали ќе има некаков исод или блокадата ќе продолжи и во текот на викендот и почетокот на следната недела, рече Јовановски.

Тој додаде дека ако нема реакција и резултат после утрешниот ден, 200 автобуси од понеделник ќе ги блокираат крстносницата кај ТЦ „Мавровка“, крстосницата кај зградата на Црвен Крст и булеварот „Илинденска“.

Министерството за внатрешни работи (МВР) информираше дека поради протестот ќе има посебен сообраќен режим во овој дел од градот.

Слични содржини