157
Владата утре на седница ќе именува нов директор на Агецијата за национална безбедност (АНБ).
-Утре ќе има нов директор на АНБ, изјави премиерот Димитар Ковачевски денеска на прес-конфереција одговарајќи на новинарско прашање без да соопшти други детали.
Досегашниот директор на АНБ Виктор Димовски ќе замине на амбасадорското место во Париз.
Претходно Димовски беше на распит пред собраниската комисија за да одговори зошто АНБ издала согласност да му се издаде македонски пасош на контроверзниот украински бизнисмен Онишченко, иако за него била издадена меѓународна потерница.