Утре 40 степени !!!

од Vladimir Zorba
237 прегледи

Уште еден тропски ден. Еве ги температурите измерени во 17.30  :
IMG_0344

 

МАКСИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ:

25 Маврово, 28 Лазарополе, 30 Берово и Охрид, 31 Претор, 32 Прилеп,  Крива Паланка, 33  Битола, 34 Тетово, 35 Скопје-Петровец, Виница, 36 Скопје-зајчев Рид, Штип, Д.Капија, Струмица и Гевгелија.

 НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ до 17 часот (во л/м2): без врнежи.

ВРЕМЕТО ДЕНЕС:

Денес времето беше сончево и топло со слаб ветер  од променлив правец.

 ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ:

Ќе се задтжи  сончево и топло со слаб  ветер од променлив правец. Преку ноќта времето ќе биде  претежно ведро.

 ВРЕМЕТО УТРЕ:

Во земјава времето ќе биде  сончево и многу топло, со мала локална облачност и со слаб  ветер од променлив правец. Утринската температура ќе биде во интервалот од 12 до 22, а највисоката дневна ќе бележи позначителен пораст и ќе се движи од 33 до 40 степени.

УВ индексот ќе има особено висока вредност 9.

 СКОПЈЕ УТРЕ:

Сончево и многу топло со мала локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Утринската температура ке се спушти до 19, а дневната ќе достигне до 39 степени.

 ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ:

Утре и во четврток под влијание на многу топла воздушна маса ќе има позначителен пораст на дневните температури. Прогнозираните температури за поголемиот дел од земјава ќе влегуваат во жолта предупредувачка фаза, според температурните прагови од метео алармот кој е воспоставен од УХМР.

 

Во четврток попладне ќе настапи преодно наоблачување со локален, повремено пороен дожд, грмежи и умерен повремено засилен северен ветер,  што ќе донесе спуштање на дневните температури во петок за 3 до 4 степени. Од сабота повторно ќе биде стабилно и потопло. Вредноста на УВ индексот за време на викендот ќе биде 8.