Утре без струја делови од Центар, Карпош и Илинден

од Vladimir Zorba

В понеделник без снабдување со електрична енергија ќе останат делови од Центар, Карпош и Илинден.

Како што информираат од РЦУК, во периодот од 09.00 до 13.30 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од ул. „Козара” (бр. 17, 19, 21 и 28) во општина Центар, а во периодот од 09.00 до 14.30 часот, корисниците од дел од ул. „Осло” во општина Карпош.

Прекин во снабдувањето со струја во периодот од 08.30 до 13.00 часот ќе имаат корисниците од село Белимбегово ул. „6″ од бр. 1 до бр.7, ул. „2″ од бр 17 до бр.35 во општина Илинден, а во периодот од 08.15 до 10.25 часот, корисниците од селата Ајватовци, Бујковци, Бунарџик, Мршевци и Грушино во општина Илинден.

Слични содржини