Утре ден на жалост во Прилеп поради трагичната сообраќајка

од Nikola Popovski
249 прегледи

Поради трагичната сообраќајна несреќа на магистралниот пат Прилеп-Битола, претседателот на Советот на општина Прилеп за 18 часот закажа вонредна седница на Советот со единствена точка на дневниот ред – Предлог-одлука за прогласување на ден на жалост во Прилеп.

Согласно предлогот, утрешниот ден, петок 4 октомври ќе биде прогласен за Ден на жалост.

Три лица загинаа, а едно е повредено во верижен судар на автомобил и камион на автопатот Прилеп-Битола. Двајца лекари и еден медицински техничар загинале на одење кон работа во приватна здравствена установа во Битола.

По судирот избувнал пожар кој еден час го гаснеле три противпожарни возила.

Сообраќајката се случила изутрина околу 7 часот и 45 минути. До несреќата дошло при директен судир на патничко возило со прилепски регистарски таблички кое се движело кон Битола и камион кој сообраќал во спротивна насока. Од силината на ударот двете возила се запалиле.

До овој момент делницата на патот Прилеп-Битола се уште е забранета за сообраќај, и сообраќајот се пренасочува по алтернативни патишта

Слични содржини